Активирај се | Создадено од вас |

Нашиот успех е нашиот вложен труд во образованието

feat-img

Секоја учебна година носи возбуда и неизвесност на сите оние кои живеат со желбата да учат, се описменуваат и градат како луѓе со вистински вредности. Пред секој од нив се издигнува нов врв кој чека да биде освоен, нова прилика, нов пат кој треба да се изоди.

Главната улога во овој процес кој го нарекуваме образование, ја имаат учениците, кои пред себе имаат можност да постигнат нови успеси, да ги поместат границите на своите очекувања и да изградат пат каков што сакаат и заслужуваат.

Уште на самиот почеток, најважно од сѐ е поставување цел кон која тежнееме да стигнеме. Целта, како завршна точка од еден долг пат, самата по себе е успех и награда. Успехот пак, треба да се заслужи и да биде резултат на напорна работа и вложен труд.

Сето овa единствено се постигнува со непоколебливост, посветеност и цврста верба во своите квалитети. Вербата во себе резултира во поголема истрајност и упорност на патот до успехот.

Исто така, од особена важност е континуитетот во остварување на замислените идеи и планови. Потребна е постојаност во извршување на задачите, решителност во тешките моменти, и секако голема самокритичност и согледување на сопствените грешки. Кога ги поседуваме сите овие особености и напорно работиме, успехот е неизбежен.

Училиштето е почеток на сите позитивни промени во општеството и место каде секој има можност да допринесе во создавањето на подобри услови за живеење преку квалитетите кои ги поседува, дарбите, вештините и животното искуство.

Образованието ја има најважната улога во животот на сите луѓе. Ги насочува луѓето како да размислуваат, како да функционираат правилно, да носат правилни одлуки, и на крај само образованите луѓе можат максимално да го искористат својот потенцијал. Образованието е еден од важните фактори кои ја формираат личноста на еден човек. Тоа е право на секој човек на планетава. Затоа треба максимално да се искористи секој ресурс кој ни го нуди образованието, за создавње успешни приказни и позитивни промени на секое поле.

Автор: Ѓорги Новаковски, ученик во СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија