Активирај се | Создадено од вас |

Ученици од „Кочо Рацин“ волонтираа

feat-img

Со настап на училишниот музички оркестар и делење летоци со пораки за волонтирање, средношколци од скопското училиште „Кочо Рацин“ го одбележаа Светскиот ден на волонтерството – 5-ти декември во еден од трговските центри во Скопје.

Со ваквите активности, учениците сакаа да ги поттикнат младите активно да се вклучат во општеството и да придонесат за доброто на својата заедница. Настанот го организираше СУГС „Кочо Рацин“ и Здружението за младински активизам „Обединета младина“, а се вклучија и волонтери на „Волонтерски центар Скопје“ и платформата „Лице в лице“.

Елена Поповска, НВО „Обединета младина“