Активирај се | Чичко Мрчатор |

Водич за наставници за играта Чичко Мрчатор

feat-img

Погрешните информации се штетни на повеќе начини. Ги тераат луѓето да веруваат во погрешни работи. Ја поларизираат јавноста. Ја намалуваат довербата во важни институции како што се научните организации.

Со намалување на довербата или верувањето во фактите, погрешните информации ја постигнуваат својата цел. Ова значи дека учењето на фактите само по себе не е доволно бидејќи фактите може да се поништат со погрешни информации. Решението за погрешните информации е да им се помогне на луѓето да го решат судирот што постои помеѓу фактите и заблудите.

Наша заедничка цел е да ја развиеме способноста за критичко размислување кај младите и да им помогнеме да ја добијат битката со дезинформациите.

Играта „Чичко Мрчатор“ создава отпорност на погрешни информации и го зајакнува критичкото размислување кај учениците. Играта содржи објаснувања и квизови.

Прво, „Чичко Мрчатор“ ги објаснува техниките за негирање, а потоа играчите вежбаат како да ги забележат овие техники за негирање преку квизови. Како што играчите навлегуваат во играта, се стекнуваат со поени за степен на мрчење и нивното расположение станува сè помрчаторско. Што е уште поважно, колку повеќе играат, толку поголема отпорност развиваат против погрешните информации.

Чичко Мрчатор во училница

Ве охрабруваме да го прочитате Водичот за наставници каде може детално да се запознаете со теоријата зад играта „Чичко Мрчатор“,  да видите други ресурси и активности за училница преку кои заеднички ќе го развиеме критичкото размислување кај учениците.

Започни го часот со квиз за критичко размислување.

Разбуди ги учениците со квиз и вежби за критичко размислување преку апликацијата Чичко Мрчатор.

Играта е наменета за возраст од 10 години и повеќе. Нема вулгарности или насилен јазик. Играта најчесто се игра на часови од 6 одделение до универзитет.

Како? Ние ќе Ви објасниме:

Чекор 1: Регистрирајте се за да добиете групен код

Посетете го формуларот за регистрација на класот за да се регистрирате. Тоа што ќе ни дадете детални информации за вашите класови ќе ни помогне да ги обезбедиме групните кодови кои им потребни на вашите ученици за да пристапат до играта.

Чекор 2: Симнете ја играта

Учениците можат да пристапат до играта на три начини:

iPhone: https://sks.to/crankyiphone

Android: https://sks.to/crankyandroid

Browser: https://app.crankyuncle.info

Чекор 3: Дистрибуирајте го групниот код

Откако ќе ги примите групните кодови по е-пошта, можете да им го дадете кодот на учениците. Откако ќе го внесат групниот код во играта, ќе имаат моментален пристап до играта. Учениците не мора да внесуваат никакви податоци за идентификација за да пристапат до играта.

Чекор 4: Истражување

Спроведуваме истражување за да ја процениме ефективноста на играта во однос на подобрувањето на критичкото размислување. За да учествуваат, играчите треба да се согласат, на почетокот на играта, во двата чекори, прикажани овде. За ученици под 18 години, има информативен лист наменет за родителите.

Тие ќе пополнат квиз од 10 прашања на почетокот на играта, а потоа уште еден квиз од 10 прашања откако ќе ги поминат сите техники за негирање.

Учеството е доброволно и целосно анонимно – не се земаат идентификациски податоци. Учениците можат да излезат од истражувањето во секое време со промена на нивната согласност преку екранот „За нас“ во самата игра.