Врсничко насилство преку социјалните мрежи има, како да се спречи?
На социјалните мрежи во светот и регионот, се повеќе случаи на врсничко насилство. За жал вакви случаи има и кај нас. Но, младите многу ретко, или воопшто не се одлучуваат јавно да зборуваат за тоа.
Тарик Мустафи е тинејџер. Штотуку стана полнолетен. Вели дека лично не доживеал врсничко насилство на социјалните мрежи, но има другар кој поминал низ овие проблеми. Нападите, навредите, како што вели тој, оставиле трага врз неговиот другар.
Прилог на Ајла Мемеди средношколка во СУГС Гимназија „Зеф Љуш Марку“ Скопје којашто помина еден месец пракса во ТВ 21.
Оваа содржина е изработена во рамки на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“ кој го спроведува ИРЕКС во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младински образовен форум.