Активирај се | Чичко Мрчатор |

Запознајте го „Чичко Мрчатор“ и станете отпорни на дезинформациите

feat-img

„Научи да се бориш против дезинформациите со критичко размислување“ преку играта „Чичко Мрчатор“ (Cranky Uncle). Оваа игра, развиена од научникот Џон Кук од Универзитетот во Мелбурн и креативната агенција Goodbeast, сега е преведена и на македонски јазик од Институтот за комуникациски студии и е бесплатно достапна за iPhone и Android.

Играта „Чичко Мрчатор“ користи цртани филмови, хумор и критичко размислување за да ги открие погрешните техники на негирање на науката и да изгради отпорност на јавноста против дезинформациите. За да објасни зошто и како некои луѓе ги отфрлаат научните докази, авторот  го создаде ликот Чичко Мрчатор, членот на семејството што сите го имаме по дома и кој мисли дека знае подобро и од светските научници.

Проверете дали сте отпорни на дезинформациите или сте чичко МРЧАТОР! Симнете ја играта на вашиот Android или Apple телефон.

Играта е преведена во рамки на проектот „Користи факти: употреба на новинарството засновано врз факти за подигнување на свеста и за спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.