d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
jas mislam vaka vera apostolovska

Различна сум и ја учам околината на толеранција

Вера Апостоловска

Да се биде различен има свои позитивни и негативни страни. Секогаш сум гледала позитивно на работите, па така и на мојата различност. Тоа се должи на моето растење во среќно и сложно семејство. Љубовта, разбирањето, поддршката се клучни во мојот развој и моето позитивно гледање на различноста. Секогаш, со многу отворен разговор ми беше објаснета мојата состојба. При тие разговори честопати пуштав по некоја солза, но веднаш потоа ќе се насмеевме на духовитите шеги на мојот татко. Секогаш се трудев да ги истакнам моите способности, а истовремено да ја убедам околината да не гледа на моите попречености. Различноста отвара нови хоризонти и ме прави креативна, работлива, ангажирана, позрела и поистрајна и борбена. За жал околината и општеството не ги согледуваат подеднакво различностите. Предрасудите ги чувствувувам како штит, којшто треба да се пробие. Со огромен ангажман и многу енергија се обидувам кај мојата околина да ја подигнам свеста за позитивната страна на различностите. Ја сензибилизирам околината и ја учам на толеранција . Секое зло за добро. Имено, различноста претставува неисцрпен предизвик. Токму во посебностите и различностите лежи привлечноста и предизвикот за соочување и надминување на истите.