d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
andzela

Сакам да живеам во свет исполнет со среќа и љубов

Автор: Ангела Маџар, ученичка во II-3, ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид

Животот е море од желби, а кормилото на животот води кон нови случувања, гради кула од среќа за испружените раце кон неа. Со раце полни желби да создадеме свет во којшто секој ќе го чувствува мирисот на убавото време и вкусот на љубовта и среќата. Сакам да живеам во соништата, да чекорам во безгрижноста, да сонувам во стварноста, зашто и јас ја носам желбата на секој зачекорен во младоста.

Времето минува, се редат векови, се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Технологијата, науката и медицината не успеа да го измени светот. Луѓето трчаат со брзина на светлината, мислиш во неповрат. Еден се кренал толку високо, мислиш ќе полета, а друг, пак, паднал толку ниско. Околу нас насекаде бура од настани. Гледаш, сè е некако лудо… Секогаш се вртиме во круг со исти надежи, соништа, но дали тие ни се остваруваат?! Често лутаме под урнатините на сопствената среќа и тука, под пепелта на своите идеали, стануваме свесни за она што го нема. Дали некој не може или не сака да го смени тоа?

Посакувам да живеам во свет исполнет со мир и меѓусебно почитување, во којшто за војната, гладот и сиромаштијата само се раскажува. Посакувам секој да може да ја почувствува топлината на родното огниште, мајчиниот поглед полн со поддршка и цврстата таткова дланка.
Цврсто држејќи го факелот на животот, во себе наоѓам сила да утешам, да израдувам. Сила која, како музичка кутија, е затворена со катанче, а клучот е во мојата душа. Ќе подадам рака, ќе избришам солза и со искрено срце ќе создадам свет полн со утеха, свет во којшто небото е сино, а тревата е зелена. Свет во кој нема место за неправда.

И само за миг да можев да ви ги дадам очиве мои, да го погледнете светот со поинакви бои. Ќе видите едни очи полни со љубов и желба да се создаде свет во којшто ќе царуваат среќата и љубовта. Да ги дигнеме рацете високо кон сонцето и да викнеме „СТОП“ за војните. Секој да има дом и мирен сон. Да не дозволиме болката и тагата да го уништат праведното човечко срце. Љубовта и пријателството да извираат од нашите срца кон секого.