d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
algoritam

Драма, информатика и што уште не во „Алгоритам“

„Начинот на којшто учиме ни овозможува да го запаметиме наученото – тоа што влегува во едното уво не излегува низ другото. Професорите, пак, секогаш имаат разбирање кон учениците и се трудат да ни помогнат.“. Вака ни одговори ученичката Антонела Јаки кога ја прашавме што е тоа што најмногу и се допаѓа во „Алгоритам“, средното училиште во коешто таа е втора година.

„Алгоритам“ е училиште во кое кога ќе влезете, веднаш се забележува позитивната атмосфера и желбата на учениците да се изразат креативно себеси, покрај желбата за учење нови нешта.

Приватното училиште „Алгоритам“ им нуди големи можности на своите ученици да ја изразат својата креативност. Една од тие можности претставува драмската секција, предводена од професорот по македонски јазик и литература Горан Станикевски Горјански, којашто е посетена од многумина учениците. Стојан Стојчевски е четврта година и ја посетува најдолго драмската секција. Тој вели дека секцијата најмногу се подготвува за своите настапи на Гимназијадата, настан организиран од Град Скопје, во кој се натпреваруваат повеќе средни училишта со претстави во коишто глумат токму учениците. Оваа година училиштето ќе се претстави со крими комедијата „Лазо“, за којашто Стефан вели дека целта е да се насмее публиката, бидејќи таа ги сака комедиите. За да успеат во тоа, тие ќе треба да го совладаат кавадаречкиот говор, бидејќи дејството во комедијата всушност се одвива во Кавадарци.

„Интензивно ги работиме нашите претстави. Започнуваме со подготовките уште на почеток од учебната година. Се состануваме два до три пати неделно, додека пак овој период се состануваме поредовно, бидејќи самите подготвки се поинтензивни“, вели Стефан.

algoritam1Но, драмската секција не е единственото нешто на коешто учениците посветуваат внимание и труд. Од октомври минатата година, дел од учениците отворија веб страница на училиштето, а инспирацијата за тоа велат дека произлегува токму од нивната професорка по информатика Билјана Златков. За страната тие имаат оформено тим од десетина ученици којшто ќе се грижи за таа да функционира најдобро што може.

„За таа цел, ќе пишуваме различни статии. Ќе има мода, спорт, интервјуа на наши ученици, тековни настани. Ќе претставува училишен сервис што ќе содржи секакви информации за училиштето.“, вели Антонела, една од учениците од тимот одговорен за веб страницата, којашто со текот на времето се планира сѐ повеќе да се развива.
„Алгоритам“ има и секции во кои љубителите на природните науки и математика го збогатуваат своето знаење, но и се подготвуваат за натпревари. Како и во секое друго средно училиште, и тука учениците одат на екскурзии, но она по кое „Алгоритам“ се разликува од останатите училишта е токму тоа што тука самите ученици ја избираат својата дестинација. Иако училиштниот хол на „Алгоритам“ не е голем како оној на државните училиште, тој сепак има што да им понуди на своите ученици. Драмската секција, веб страницата и сите останати секции се само производ на нивното задоволство и на одличната соработка со професорите.

Автори:
Љубица Николовска, студентка на Висока школа за новинарство и за односи со јавноста
Теа Ружин, ученичка во ПСУ „Алгоритам“ – Скопје