Активирај се | Создадено од вас |

„Лузна“ за жртвите на трговија со луѓе

feat-img

Претставата „Лузна“ на младите членови на Црвениот крст во Карпош ги приближи болката и траумите на жртвите на трговијата со луѓе во Македонија и светот.

Во претставата животот на Ина е раскажан преку четири девојки кои ги одглумија измачувањата, вистинските чувства и страдањата кои секоја жртва ги преживува верувајќи му на еден Ангел. Преставата е во режија на Драгана Стојчевска и Магдалена Ризова Черних, а ја одиграа Игор Георгиев, Маријана Крстевска, Викторија Јовева, Теодора Ветеровска, Викторија Јованчевска, Никола Цветковски и Никола Јаневски.

Претставата се одржа по повод Денот на жртвите од трговија со луѓе – 18 октомври во Драмскиот театар во Скопје. Цената на билетите изнесуваше 100 денари, а собраните средства се наменети за обновување на просториите на Црвениот крст – Карпош. Проектот е дел од кампањата ,,Заедно да ја изградиме нашата куќа на хуманоста”.

Александра Михајловска, СУГС „Георги Димитров“