Активирај се | Создадено од вас |

Велосипед или автомобил – кој е подобар за транспорт до училиште?

feat-img

Во денешно време речиси секој има велосипед, но и автомобил. И двата се еден вид транспорт, но кој од нив е поисплатлив?

Покрај училишните обврски, еден од најголемите проблеми со кои што се соочуваат учениците е транспортот до училиште. Се разбира, тие имаат избор да го користат  јавниот превоз, но проблемот е што тој не функционира најдобро. Поради недостигот на автобуси, а со тоа и преголемата гужва што се создава, како и ненавременото пристигнување на станиците, не можеме да се потпреме на јавниот превоз како сигурен начин дека ќе стигнеме негде навреме.

Покрај јавниот, постои и приватен превоз. Тука, пред се се мисли на сопствените возила. И третата опција се такси-возилата.

Од Ново Лисиче до средното училиште „Орце Николов“ со велосипед

Обидувајки се да најдат решение за овој проблем, учениците најчесто користат или велосипед или приватен превоз како такси или автомобил. За да се направи добра и еднаква споредба помеѓу двата вида транспорт, потребно е да се дадат одговори за неколку категории: ефикасност, достапност, флексибилност за паркирање, ограничувања и трошоци.

Ефикасност за превоз подразбира колку брзо се стигнува до саканата локација, конкретно училиште. Од лично искуство како пример за изминат пат би го предложил патот од Ново Лисиче до СУГС „Орце Николов“ кој е точно 7 километри. Со велосипед, ако се  вози со просечна брзина од 15km/h, овој пат се изминува за 25-30 минути, без разлика дали се вози покрај булевари ило на велосипедската патека покрај Вардар. За истиот пат изминат со автомобил со просечна брзина од 50km/h се потребни од 15-20 минути. Затоа во поглед на ефикасност, предноста е на страната на автомобилот

Она што секој средношколец може да го користи како превозно средство секако дека е велосипедот кој е многу поедноставен за користење и полесно достапен.

Во однос на паркирање, велосипедот е многу пофлексибилен, како помало превозно средство, а и сè што е потребно да се паркира е катанец за заклучување. Додека, пак, автомобилот ако е задолжително паркирањето е многу покомплицирано поради тоа што е многу поголемо превозно средство и слободниот и бесплатен паркинг не е многу чест.

Ограничувањата се дефинитивно поголеми за корисници на велосипеди кога станува збор за временските услови, каде со автомобил може да се патува и за време на дожд и град, додека велосипедот, во зависност од корисникот, има поголеми ограничувања. Покрај тоа многу е побезбедно во автомобил, но секако дека тоа не е причина да не се користи велосипедот.

Можеби најважното прашање за сите се трошоците за двете превозни средства. Основните трошоци се доста едноставни.

Велосипедот е бесплатен, со исклучок на енергијата која се вложува во самото возење, додека автомобилот е дефинитивно многу поголем трошок. Понатаму, велосипедот е многу поефтин од просечен автомобил – велосипедот во просек чини од 100-500 евра, додека за автомобил чија просечна цена се движи од 30.000-40.000 евра.

И обете превозни средства имаат трошоци за одржување, но и тука велосипедот е во предност – менување на деловите и оддржување на велосипедот се неспоредливо помали од оние за автомобилот. Во помали трошоци спаѓаат дупнати гуми кои се почеста појава кај велосипедите и може да чини од 300-600 денари за промена на една гума, за кај автомобилот ова се однесува за трошокот за гориво кој е повторно многу поголем отколку кај велосипедот. Со 80 денари за литар, во зависност од возилото, се троши од 500-800 денари за гориво.

Според горенаведените категории, може да заклучиме дека велосипедот е подобро превозно средствно, поради пристапноста, едноставноста и трошоците, а како бонус овде спаѓа и заштитата на животната средина. Секако,изборот како ќе патувате е ваш, но без разлика за што ќе се одлучите, на сите целта ни е да стигнеме на време на училиште.

Според горенаведените категории, може да заклучиме дека велосипедот е подобро превозно средствно, поради пристапноста, едноставноста и трошоците, а како бонус овде спаѓа и заштитата на животната средина. Секако,изборот како ќе патувате е ваш, но без разлика за што ќе се одлучите, на сите целта ни е да стигнеме на време на училиште.

Автор: Горјан Азманов, ученик во СУГС „Орце Николов“ – Скопје